Зверев со пресврт го исфрли Диало за второ коло во Мелбурн

Александер Зверев мораше да игра четири сета и со пресврт го победи Габриел Диало (3-1) на стартот на Австралија Опен. 

Германскиот тенисер го загуби првиот израмнет сет, откако попушти во тај-брејкот и Канаѓанецот го казни со сигурни 7-1. Сепак, следуваше брзо будење на Зверев кој го доби вториот сет со 6-1. Диало пружи отпор уште во третиот кој го загуби со 6-4, но потоа фаворитот со 6-2 го затвори мечот во своја корист.

Во второто коло Зверев ќе се сидри со подобриот од дуелот меѓу Попирин и Милер.

На останатите терени Ечевери го исфрли Кецмановиќ (3-2), Ѕумхур беше подобар од Драксл (3-0), а победи забележаа Фери, Муте, Черундоло, Комесана, Нава, Женг и Тиафо.