• Саше Љолес

Германецот Александар Зверев му одговори на славниот Борис Бекер, кој изјави дека неговиот сонародник мора да ги отпушти своите тренери.
Бекер рече дека Зверев изгледал како да немал компас на теренот, а тенисерот не остана рамнодушен на овие зборови.
„Нема зошто да ги отпуштам тренерите, мислам дека и Борис се кае малку за оваа изјава. На крајот на краиштата, јас не загубив од 250. тенисер во светот, туку од Новак Ѓоковиќ. Нема ништо страшно да бидете поразени од најдобриот“, изјави Зверев.
Ѓоковиќ го елиминираше Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос и мина меѓу четирите најдобри, каде беше поразен од првиот светски рекет, Јаник Синер.