• Саше Љолес
Германецот Александар Зверев го потврди своето учество во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино, откако попладнево го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 2-0 во сетови и го исфрли од натпреварувањето.
Зверев славеше со 7-6/5 и 6-4 во мечот кој траеше 119 минути, остварувајќи го третиот триумф во својата група, каде ги совлада уште Норвежанецот Каспер Руд и Русинот Андреј Рубљев.
Алкараз го завршува турнирот со една победа и два порази, а на крајот од годината ќе остане на третата позиција на АТП листата, додека Зверев е втор и прикажува одлична форма, но нема можност да го стигне лидерот Јаник Синер.