• Саше Љолес
Германецот Александар Зверев е првиот полуфиналист на АТП Мастерсот во Париз, откако славеше сигурна победа над Стефанос Циципас со конечни 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.
Зверев беше фокусиран во клучните моменти, еднаш одбрани брејк-топка и двапати му го одзеде сервисот на противникот, со што сосема заслужено се радува на триумфот кој го заокружи за еден час и 42 минути.
За Зверев ова е вкупно стота победа над ривалите од ТОП-20 на АТП листата, а во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу Холгер Руне и Алекс Де Минер.