Зверев сигурен против Табило, без загубен сет до место меѓу најдобрите шеснаесет во Њујорк

Александер Зверев продолжува со одличниот настап на УС Опен, откако првиот носител и втор светски рекет без загубен сет се пласира во осминафиналето.

Германецот во третото коло го совлада Чилеанецот Алехандро Табило со 6-2, 7-6/5), 6-3 за два часа и 26 минути игра. Зверев имаше контрола во поголемиот дел од мечот, а клучниот момент дојде во вториот сет, кога спаси две сет-топки при 5-4, па потоа го доби сетот во тај-брејк. Во третиот сет продолжи со притисокот од основната линија и со брејк за 3-2 практично го реши мечот.

За место во четвртфиналето, Зверев ќе игра против Лучијано Дардери, а доколку ја мине оваа пречка, во следната рунда може да го очекува победникот од дуелот меѓу Геа и Ван де Зандсхулп. Ова е шести пат во кариерата Зверев да стигне до осминафиналето на УС Опен.

Најнови вести од
УС Опен, ATP Singles