Зверев: Се гледам себеси како човек кој може да го победи Ѓоковиќ во Токио

Зверев

Александер Зверев има самодоверба дека тој ќе биде човекот кој би застанал на патот на залетаниот Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас атакува на златен медал на Летните Олимписки Игри во Токио, а потоа ќе се обиде да стигне до нова Грен слем титула на УС Опен.

„За да победите играч како Ѓоковиќ, треба да направите работи што многу малку играчи можат да ги направат. Се гледам себеси како некој што може да има голема шанса да го победи. Ако играте со неговиот стил на игра, ќе изгубите. Треба да играш на високо ниво и да се надеваш дека тој нема да го има најдобриот ден. Мислам дека најдобрите играчи секогаш го имаат тој притисок. Секогаш е позитивно да се чувствуваш така“, смета Германецот.

Петтиот тенисер на светот е една од ретките ѕвезди која не го откажа учеството на турнирот во Јапонија.