Зверев рутински во третото коло, Циципас поразен од Алтмаер

Александар Зверев лесно се пласира во следната рунда на Отвореното првенство на САД во тенис. Германскиот тенисер го победи Џејкоб Финли со 3-0 (6-4, 6-4, 6-4). Зверев одигра самоуверено и обезбеди пласман во третото коло.

Во првиот сет, тој обезбеди брејк веднаш на почетокот, што се покажа како доволно за да поведе во мечот. Истата слика ја видовме и во вториот сет, при што Финли успеа да го врати брејкот, но Зверев повторно го „скрши“ неговиот сервис и се приближи до триумф. Германецот ја потврди својата доминација во третиот сет и ќе се сретне со Феликс Оже-Алиасим во следната рунда.

Од друга страна, Стефанос Циципас го заврши учеството на УС Опен по поразот од Даниел Алтмаер по пет сета (7-6, 1-6, 4-6, 6-3, 7-5). Грчкиот тенисер имаше водство во сетови, но потоа следеше голем пад во неговата игра, потврдувајќи дека не е во добра форма во последните месеци. Атлмаер вешто тоа го искористи и се пласира во следната рунда.

ФОТО/PHOTO: US Open