Зверев премногу грешеше, Медведев отвори со лесна победа во Лондон

Данил Медведев го надигра Александер Зверев (6-3, 6-4) и стартуваше со победа на завршниот турнир во Лондон.

Русинот беше надмоќен во однос на ривалот и заслужено запиша први бодови. Во првиот сет одигра без грешка и лесно стигна до почетна предност.

Вториот сет донесе поголема борба. Резултатот беше 3-3 кога Медведев се одлепи и направи клучна разлика. Успеа да искористи една брејк шанса и потоа одигра сигурно на свој сервис за конечна победа.

Следното коло за рускиот тенисер му носи дуел со Новак Ѓоковиќ, кој во првото коло немаше проблеми со Диего Шварцман. Зверев, пак, ќе игра за прв триумф против Аргентинецот.