Зверев преку Сафиулин до трофејот од АТП турнирот во Ченгду

Александар Зверев е освојувач на АТП турнирот што се одржа во Ченгду, Кина. Германскиот тенисер беше подобар во финалето од Русинот Роман Сафиулин со 2-1, по сетови 6-7/2, 7-6/5 и 6-3. 

Во првиот сет се играше гем за гем, а Сафулин покажа дека воопшто не е ривал за потценување. Русинот во моментов е на 55. место на АТП листата, додека Зверев го држи последното место од ТОП-10 тенисерите во светот. Финалето понуди голема битка, но искуството на Зверев пресуди и сосема заслужено го освои трофејот од турнирот. 

Ова за Зверев е 21. трофеј во кариерата и втор оваа сезона. Германскиот тенисер освои нови 250 АТП поени, како и парична награда во висина од 174.000 долари.