Зверев покажа моќ и четврти пат се чекира во големата четворка во Париз

Александар Зверев е последниот полуфиналист на машкиот дел од Ролан Гарос. За пласман во финалето ќе игра против Каспер Руд, кој без борба стигна до полуфиналето, откако Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот. 

Зверев вчерва го победи Алекс де Минор од Австралија со 3-0 во сетови (6-4, 7-6/5, 6-4). Германецот ги освои сите три сета, играјќи концентрирано во одлучувачките моменти. За Зверев ова ќе биде четврти пат да игра во полуфиналето на Ролан Гарос. Прво загуби од Стефанос Циципас во 2021 година, потоа Рафаел Надал во 2022 година, а минатата година беше поразен од Каспер Руд, неговиот следен ривал. 

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Јаник Синер и Карлос Алкараз, па еден од четворицата ќе се радува на теренот в недела во битката за „Купот на мускетарите“. Првпат некој роден по 1987 година ќе го крене пехарот во главниот град на Франција.