• Горан Упале

Полека, но сигурно Александар Зверев се враќа на позициите на кои беше до пред една година. Тој сè уште не е во состојба да стигна до финале на Грен слемовите и да се трка за првата позиција на АТП листата, но сè повеќе потсетува на тој период.
Особено во мечевите против квалитетни ривали и оние кои моментално се во „тренд“. А таков во моментов е Јиржи Лехечка. Чехот годинава стигна до највисокиот пласман во кариерата (36. место), играше во четвртфиналето на Австралија Опен, а во Доха минатата недела стигна до полуфиналето.
Но, денес немаше сили за надигрување против големиот ас, иако поведе во сетови. Зверев по загубениот сет успеа да ја консолидира својата игра и со два фантастични сета се избори за победа од 2-1 (4-6, 6-3, 6-4).
Во следното коло го чека победникот од мечот Русувори - О'Конел, кој е „среќен губитник“ по повлекувањето на Квон.