• Иван Димовски
Александар Зверев се пласира во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Минхен. Германецот го доби четвртфиналното соочување со Талон Гриекспор со 2-1 по три часа и 16 минутна борба.
Првиот сет беше цеосно израмнет и стигна до тај-брејк кој Гриекспор го доби со 7-6 за предност од 0-1 во сетови. Слично течеше и вториот сет, повторно се стигна до доигрување, ама во него Зверев беше сигурен (7-3) за израмнување. Решавачкиот сет понуди исто така голема борба, а во него Зверев стигна до единствениот брејк во третиот гем. Потоа до крајот го одбрани водството и со 6-4 ја обезбеди победата.
Ривал на Зверев ќе биде подобриот од дуелот на Марошан и Бергс, додека во другото полуфинале ќе се судрат Бен Шелтон и Франциско Черундоло.