Зверев по два тај-брејка и три часа игра го исфрли Манарино во Париз

Александар Зверев се намачи против Адриан Манарино и по три часа и три минути го елиминира францускиот претставник од АТП турнирот во Париз со победа од 2-1 во сетови. 

Младиот Германец кој важеше за огромен фаворит на овој дуел, се мачеше и мораше да игра два тај-брејка во првиот и вториот сет. Зверев и Манарино одиграа 13-11 во воведниот сегмент од мечот, па помладиот тенисер поведе со 1-0. Следеше реакција на Французинот и 7-9 во вториот тај-брејк за израмнување. Сепак, по 51 минута игра во третиот сет, еден брејк му беше доволен на Зверев кој со 6-4 слави пласман во четвртфиналето. 

Нареден противник на германскиот 23-годишник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Вавринка и Рубљев, меч со кој ќе се комплетира осминафиналната сложувалка.