Зверев одигра неверојатен меч и за 56 минути го исфрли Кецмановиќ во Париз

Германецот Александар Зверев прикажа неверојатна партија на АТП турнирот во Париз и за само 56. минути го победи Миомир Кецмановиќ без да загуби сет (2-0). 

Седмиот рекет на светот беше убедлив и загуби само четири гемови, па два пати со по 6-2 ги доби двата сета за елиминација на Србинот. Зверев мечот против Кецмановиќ го заврши со 33 винери, што претставува нешто повеќе од два по гем, што е одлична бројка. 

Во осминафиналето на Мастерсот во Париз Зверев ќе се пресмета со Адриано Манарино кој го елиминира Јошихита Нишиока. Медведев се пласира во следната рунда откако Андерсон го предаде мечот по првиот сет, а по вчерашната елиминација на Циципас од Умберт, немаше други изненадувања.