• Мартин Танасковски

Германскиот тенисер Александар Зверев испадна од Ролан Гарос, а по настапот на Грен Слем турнирот ќе направи кратка пауза затоа што е повреден.
Поранешниот светски рекет број два се здобил со повреда на тренингот пред полуфиналето со Каспер Руд. Се работи за повреда на мускулот и тоа му направило проблеми во мечот кој го загуби со 0-3 во сетови.
Поради тоа, тој нема да игра на домашно тло, на претстојниот турнир во Штутгарт. Турнирот на трева стартува следната седмица, а е од категоријата 250.