Зверев: Идеален финиш на сезоната, едвај ја чекам следната

Александар Зверев го освои завршниот Мастерс во Торино, откако ја потврди победата над Новак Ѓоковиќ и денес во финалето со Данил Медведев. 

Русинот кој настапува под германски обележја беше задоволен за трофејот, нагласи дека нема подобар начин да се заврши годината и се осврна на иднината. 

„Беше навистина одлично да играш против човек од кој загуби пет пати во низа. Морав да играм на овој начин и среќен сум поради тоа. Ова е нешто посебно и многу сум задоволен. Не може да се најде подобар начин за финиш на сезоната. Едвај ја чекам следната, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Зверев. 

Инаку, оваа сезона Зверев освои шест трофеи, меѓу кои и олимпиското злато од Токио и дефинитивно има за што да биде задоволен.