Зверев и натаму верува дека би можел да заигра на УС Опен

Александер Зверев

Шансите за Александар Зверев да игра на УС Опен постојат, но тие се минимални. Повредата на скочниот зглоб ќе биде причина германскиот тенисер да го пропушти последниот сезонски Грен слем турнир.

Минатиот месец 25-годишникот со операција ги реши проблемите со лигаментите во десната нога. 

„Саша добро закрепнува и сè уште се надева дека ќе биде подготвен за УС Опен. Сепак, рано е да се каже дали ќе може да игра во Њујорк“, изјави неговиот портпарол.

Поголеми се шансите Зверев да заигра на мечевите од Дејвис Купот во септември.