Зверев го доби маратонот со Јари и го освои турнирот во Женева

Најдобриот германски тенисер Александар Зверев е победник на АТП турнирот во Женева, последен тест пред Ролан Гарос кој почнува оваа недела на терените во Париз. Младиот Зверев се намачи да го победи Николас Јари од Чиле во три сета.

Финалниот меч траеше два часа и 37 минути, а Зверев славеше со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 7-6/8). Вистинска драма се случуваше во тај-брекот на третиот сет. Двајцата тенисери имаа меч топка, но поквалитетниот и подобро рангиран тенисер стигна до победата и трофејот.   

За 22-годишниот Германец ова е 11-та титула во кариерата и добра најава за Ролан Гарос.