Зверев: Ѓоковиќ е „најголемиот на сите времиња“, луѓето го забораваат тоа...

Зверев

Александер Зверев уште еднаш го победи Новак Ѓоковиќ и се пласира во финалето на АТП завршниот турнир.

По мечот, Германецот имаше само пофални зборови за својот ривал. Тој упати апел до јавноста да не заборава за големината на српскиот тенисер во белиот спорт.

„Нема тенисер кој заслужува поголема почит од Новак Ѓоковиќ. Знаете, ние сме многу емотивни, можеби понекогаш претеруваме со тие испади на теренот... Меѓутоа, знаете што има направено тој, од каде доаѓа, тој е „најголемиот на сите времиња“. Луѓето го забораваат и треба да го признаат тоа“, изјави Зверев.

Србинот застана во полуфиналето во Торино, но и покрај тоа ја оствари целта. Седми пат во кариерата ќе ја заврши календарската година на врвот на АТП листата, што е апсолутен рекорд во тенисот.

Зверев претходно го надигра Ѓоковиќ и му зададе удар во Токио, каде не му дозволи да го оствари сонот и да освои олимписки златен медал.