Зверев експресно го среди Качанов за злато на ЛОИ во Токио!

Александер Зверев сосема заслужено се закити со златен медал на тенискиот турнир во рамките на Олимписките игри, откако во финалето го победи Карен Качанов со експресни 2-0. 

За само еден час и 21 минута, Германецот успеа да дојде до најсјајното одличје и не му остави простор за надеж на Казахстанецот кој настапува под руски обележја. 

Уште на стартот, во третиот гем Зверев направи брејк, а потоа со вториот во деветтиот стигна до 6-3 и предност од 1-0 во сетови. Вториот сет беше сличен на првиот, но во него Качанов успеа да освои само еден гем. Германскиот тенисер поведе лесно со 5-0, одземајќи два противнички сервиси, па рутински со 6-1 го затвори мечот. 

Зверев стигна до најголемиот успех во својата кариера, бидејќи досега има само едно Грен слем финале и трофеј на финалниот АТП Мастерс во 2018 година. До златниот медал дојде заслужено, бидејќи во полуфиналето го надигра и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ