• Мартин Танасковски
Третиот тенисер на АТП-листата Александар Зверев одигра уште еден одличен натпревар на париската земјена подлога и по нешто повеќе од три часа игра славеше со 7-5, 6-2, 3-6 и 6-3 над Јакуб Меншик.
Зверев успеа да го добие израмнетиот прв сет во самиот финиш, по што целосно ја презеде контролата врз натпреварот и со убедлива игра поведе со 2-0 во сетови. Меншик возврати во третиот сет и ја продолжи неизвесноста, но искусниот Германец не дозволи изненадување и во четвртиот сет го завери местото во финалето.
За Зверев ова ќе биде нова можност да стигне до својата прва Грен слем титула во кариерата. Германецот досега неколкупати беше блиску до најголемиот успех, но останува без трофеј од четирите најголеми турнири.
Во финалето на Ролан Гарос ќе се соочи со победникот од италијанската полуфинална пресметка меѓу Флавио Коболи и Матео Арналди.



