Зверев до Федерер: Уморни сме од тебе, Рафа и Ноле - па, заминете во пензија веќе еднаш! (ВИДЕО)

Зверев Федерер

Вчера се одигра финалето на Хопман Купот, во кое втора година по ред победи двојката од Швајцарија, Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ.

Поразениот Александар Зверев, кој играше заедно со Анжелик Кербер, се погрижи да ја направи церемонијата на доделување на трофеите екстра забавна. Со оглед на тоа што претходно го загуби сингл мечот со Федерер, младиот Германец се пошегува на сметка на тенискиот ветеран, кој и на 37 години се наоѓа во светскиот врв.

„Ние играчите сме уморни од тебе, Рафа и Ноле, но што да правиме. Особено од тебе Роџер... ти имаш 30 и нешто години... сеедно. Зошто? Дозволете и ние да освоиме еден трофеј. Барем Хопман Купот, само еднаш...“ , низ смеа рече Зверев.

Тениската елита во машка и женска конкуренција полека се подготвува за првиот Грен слем турнир во Мелбурн, кој ќе започне на 14 јануари.