Зошто Надал го гризе секој трофеј што ќе го освои?

Надал трофеи

Гризењето на трофеи е навика која Рафаел Надал ја практикува од стартот на својата кариера. Шпанецот не е единствен спортист кој го прави овој гест, кој датира од античките Олимписки игри. Тогаш спортистите го правеле тоа за да ја потврдат чистотата на освоениот медал.

Тенисерот од Мајорка освои трофеј во раната фаза од кариерата и го гризна, а потоа медиумите, на кои им се допадна тоа, го натераа да го прави тоа одново и одново.

„Вистината е дека се започна како шега. Но, оттогаш секогаш имаше фотографи што ме тераа да го сторам тоа. Традицијата продолжи во иднина и сега немам друга опција освен да продолжам да го правам тоа, но можам да ве уверам дека вкусот не е така добар“, рече Надал во 2018 година.

Досега, шпанскиот шампион гризнал дури 19 Грен слем трофеи, а неговите фанови се надеваат дека глетката ќе биде присутна и во иднина, со цел да се достигне бројката на лутиот ривал Роџер Федерер.

Моментално Надал е на второто место на АТП листата, зад Новак Ѓоковиќ, кој одлично ја започна сезоната и најави уште една победничка година.