„Знам дека сите сакавте Серена да победи, простете ми“!

Бјанка Андрееску ги минува најубавите денови во својата тениска кариера, откако синоќа приреди големо изненадување и го освои последниот Грен слем оваа сезона, УС Опен. 

Младата Канаѓанка со 2-0 во сетови ја совлада голема фаворитка Серена Вилијамс, а по освојувањето на својот прв голем трофеј им се извини на фановите кои очекувале победа на поискусната тенисерка. 

„Знам дека сакавте Серена да победи, простете ми. Се очекуваше Вилијамс да се врати во игра, таа во минатото знаеше да го прави тоа, но денес не успеа. Таа е голем шампион, но јас се трудев да не ѝ дозволам да ја игра нејзината игра и среќна сум што успеав во тоа и извојував голема победа“, рече Андрееску. 

Искусната Американка ќе мора да почека најмалку уште пет месеци за да испиша историја и во својата витрина да го стави 24-от Грен слем трофеј.