Жо-Вилфрид Цонга грабна трофеј во тенисот по една година

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга го освои својот прв турнир по нешто повеќе од една година.

Во финалето на АТП-турнирот во Монпелје, домашниот тенисер беше поуспешен од Пјер-Хјуз Херберт кого го совлада со 2-0 во сетови (6-4, 6-2). Цонга доминираше, а до пехарот дојде по еден час и 15 минути игра.

Цонга се наоѓа на 210. позиција на АТП-листата, а со поените од овој турнир сигурно ќе направи напредок.