Женскиот тенис доби нов светски рекет број еден

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка дојде до четвртфиналето на Грен Слем турнирот УС Опен, а со тоа и до нов голем успех во кариерата.

Сабаленка ја победи Дарија Касаткина со 2-0 во сетови, славеше со 6-1 и 6-3, па со тоа се искачи на првото место на ВТА-листата. Таа го искористи поразот на Ива Швјонтек и така ќе ја презеде лидерската позиција на најновото рангирање.

Тенисерката од Белорусија стана 29. тенисерка која застанала на врвот на ВТА-листата, а вкупно осма која дошла до врвот и во сингл и во двојки.