• Саше Љолес

Поранешниот руски тенисер, Николај Давиденко, даде доста контроверзна изјава поврзана со заработувачката во машката и женската конкуренција.
Пензионираниот Давиденко смета дека жените не треба да бидат исто платени како и мажите, а откри и која е неговата причина.
„Тенисерите работат и тренираат трипати повеќе од тенисерките во текот на кариерите, а тоа особено се гледа на Грен-Слем турнирите. Неправедно е да добиваат исти премии како мажите, тоа е мое објективно мислење, без намера да ги навредам дамите.
Идејата за рамноправност е секогаш добредојдена, но таа мора да биде оправдана и праведна“, рече Давиденко.
Рускиот тенисер во кариерата освои вкупно 21 трофеј во сингл-конкуренција, а најдобар пласман на АТП листата му беше третата позиција која ја зазема во 2006 година.