Женг по пресврт ја совлада Калинскаја и првпат ќе игра Грен слем полуфинале

Кинеската тенисерка Чинвен Женг успеа да ја совлада Русинката Ана Калинскаја со 2-1 во сетови и за првпат во својата кариера се пласира во едно Грен слем полуфинале.

Петнаесеттата тенисерка на ВТА листата до посакуваната победа во четвртфиналето во Австралија Опен стигна по пресврт и за време од 140 минути. Во сетови беше 6-7/4, 6-3, 6-1.

Таа во полуфиналето ќе се соочи со Дијана Јастремска, која во претходната рунда приреди изненадување и ја исфрли Викторија Азаренка.

Во вториот полуфинален натпревар силите ќе ги одмерат Коко Гоф и Арина Сабаленка.