Женг го сруши сонот на Јастремска и закажа финале на АО со Сабаленка

Кинеската тенисерка, Кинвен Женг е втората патничка во големото финале на Австралија Опен, откако славеше со 2-0 над Украинката Дајана Јастремска, по сетови 6-4, 6-4. 

Заврши „бајката“ за Јастремска, која го започна турнирот преку квалификациите, но остави одличен впечаток и се пласираше меѓу четирите најдобри. Искуството на Женг дојде до израз и таа ќе биде противничка на Арина Сабаленка во мечот за трофејот на првиот овогодишен Грен-Слем. 

Женг ќе ја предизвика Сабаленка за трофејот кој Белорусинката го освои и минатата година, па во финалето се очекува спектакуларен дуел меѓу втората и петнаесеттата светска тенисерка.