• Саше Љолес
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе го започне својот поход кон 25. Грен-Слем титула со мечот од првото коло на УС Опен, каде за противник го доби Американецот Лернер Тијен, одлучи ждрепката во Њујорк.
Ѓоковиќ се наоѓа во истата половина на ждрепката како и Карлос Алкараз, што значи дека Шпанецот е негов можен противник во полуфиналето. Алкараз во првото коло за противник ќе го има домашниот претставник Рајли Опелка.
Бранителот на титулата и светски рекет број еден, Јаник Синер, е можен противник само во финалето. Италијанецот во првата рунда се среќава со Чехот Вит Коприва и ќе има огромна фаворитска улога.
Германецот Александар Зверев доби прва пречка во името на Чилеанецот Алехандро Табило, додека Тејлор Фриц својата авантура ќе ја започне со мечот против сонародникот Емилио Нава.





