Ждрепка за РГ: Надал налета на Зверев, против Ѓоковиќ може само во полуфинале

Организаторите на Ролан Гарос ја одржаа ждрепката за главниот турнир во Париз пред крајот на квалификациската фаза. 

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе се судри со тенисерот кој доби „вајлд-карта“, Пјер Иг Ерберт, додека во второто коло вкрстува со подобриот од мечот на Карбаљес и Лестиен. Првиот вистински предизвик може да дојде во третата или четвртата рунда, каде што може да заигра со Мусети, Монфилс, Пол... На истата страна на ждрепката се најде и Данил Медведев кој исто така има релативно лесен пат до четвртфинале, а тука е и Холгер Руне

Тешка задача го чека Рафаел Надал кој уште во првата рунда ќе се судри со четвртиот носител Александер Зверев. Германецот е во одлична форма и важи за фаворит против шпанскиот ас. Понатаму во четвртата рунда може да се вкрсти со Руне или Хачанов, а во четвртфинале со Медведев или Де Минер. Дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал е можен само во финалето, меѓутоа патот на Шпанецот е пеколно тежок.

На спротивната страна од ждрепката се Карлос Алкараз и Јаник Синер. Шпанскиот тенисер ќе тргне против квалификант, можен е дуел со Бен Шелтон во четвртата рунда, а четвртфинале против Рубљев или Циципас. Италијанецот на стартот игра со Јубенкс, потоа може против Чориќ, Нори, Вавринка, Мареј, Јари... Во четвртфиналето Синер може да налета на Хуркач или Димитров, а потоа во полуфинале на Алкараз, Рубљев, Циципас... 

Стартот на Ролан Гарос е на 26 мај, а турнирот ќе трае до 9 јуни.