Завршува владеењето на Ѓоковиќ, прашање на време е кога Надал ќе биде на врвот

Надал АТП

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал направи голема работа со победата на УС Опен.

Не само што се доближи до рекордот на Роџер Федерер по бројот на освоени Грен слем трофеи, сега има можност до крајот на годината да го добие дуелот со Новак Ѓоковиќ во борбата за врвот на АТП листата.

Последните неколку месеци од годината за Шпанецот не носат голем притисок, со оглед на тоа што не брани ниту еден бод. Тоа ќе му овозможи да се искачи на првото место од кое сега го делат само 640 бода.

Повредениот Србин ќе мора да ја одбрани титулата во Шангај, финалето во Париз и на завршниот турнир во Лондон.

„Бикот“ од Мајорка досега има поминато 196 недели на челната позиција на светскиот тенис, а годината ја завршил како првопласиран во четири наврати.

Пред него се само Федерер и Конорс, а Сампрас е рекордер со шест челни позиции на крајот од календарската година.