Завршниот Мастерс во Лондон ќе добие нов шампион, Тием го елиминира Зверев

Завршниот Мастерс во Лондон ќе добие нов шампион, затоа што бранителот на титулата Александар Зверев вечерва забележа елиминација од Доминик Тием во второто полуфинале во прекрасната „О2 Арена“. 

Австрискиот тенисер уште еднаш докажа дека во Лондон пристигна во фантастична форма и по Федерер и Ѓоковиќ го среди и големиот ривал Зверев со 2-0 во сетови. 

Ако во првиот сет Германецот пружи поголем отпор и издржа 12 гема (7-5), во вториот Тием влезе во својот препознатлив ритам, го остави противникот без решение и заслужено со 6-4 се избори за финале на престижниот турнир. 

Во борбата за титулата 26-годишниот Тием ќе се бори со грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој попладнево приреди изненадување и без загубен сет славеше над великанот Роџер Федерер