• Мартин Танасковски
Јаник Синер и Тејлор Фриц ќе играат за титулата на Грен Слем турнирот УС Опен и со овој меч се отвора ново поглавје во светскиот тенис затоа што заврши една импресивна низа.
Кога еден од Италијанецот или Американецот ќе го подигне пехарот во Њујорк, ќе заврши сезоната без освоен грен слем трофеј на член на „големата тројка“ - Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, нешто што не се случило од далечната 2002 година.
Вечерашниот меч ќе биде особено значаен и симболичен за Американците, бидејќи за првпат по Вимблдон во 2009 година ќе имаат претставник во финалето на Грен слем и тоа на домашно тло.