• Саше Љолес
Русинката Мира Андреева ја заврши бајката на Полјачката Маја Хвалинска и победи во финалето на Ролан Гарос, откако славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-3 и 6-2).
Хвалинска одигра феноменален турнир и беше вистинска сензација во Париз, но немаше сили да ѝ се спротивстави на младата и мотивирана Русинка, која прикажа извонреден тенис и сосема заслужено го освои својот прв Грен-Слем трофеј во кариерата.
Во првиот сет, Андреева имаше дури четири брејка, наспроти двата на Хвалинска, а во вториот, целосно ја надигра противничката, не оставајќи ѝ никаква надеж за кам-бек во мечот.
Андреева стигна до својот најзначаен трофеј во кратката кариера, а Хвалинска остави одличен впечаток и ги освои симпатиите на сите неутрални тениски фанови.




