Заврши бајката на Циципас, Медведев прв финалист во Шангај

Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот финалист на мастерс-турнирот кој се игра во Шангај.

Четвртопласираниот играч на АТП-листата во рамки на полуфиналето беше подобар од Стефанос Циципас, кого го совлада со 2-0 во сетови (7-6, 7-5). Мечот донесе голема борба, но во клучните моменти подобар беше Русинот. Циципас имаше одличен турнир, го елиминира првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, но бајката тука заврши.

Првиот сет го одлучи тај-брејкот, во кој Медведев направи брејк за 6-5, а потоа на свој сервис дојде до предност. Вториот сет, пак, фаворитот на хартија го доби со клучен брејк за 6-5.

Во финалето Медведев ќе игра со подобриот од средбата меѓу Матео Беретини и Александар Зверев.