ВИДЕО: Затоа го викаат ЛУДАК, Монфилс со нов „ненормален“ поен зад своето име! 

Еден од најатрактивните тенисери на АТП терените, Гаел Монфилс, неочекувано забележа рана елиминација на турнирот во Хале, Германија.

Францускиот ас во два сета беше надигран од сонародникот Пјер Херберт, но повторно зад своето име забележа „ненормален“ удар, откако успеа да стигне една лоб-топка и на атрактивен начин со винер од зад грб ја одушеви присутната публика. 

  • Поенот на Монфилс во Хале: 

Монфилс со овој пораз ја продолжи својата лоша серија на турнирите на тревната подлога, откако претходната седмица беше елиминиран во осминафиналето во Штутгарт.