Затоа е голем човек: Ѓоковиќ му пришол на Беретини на „Вембли“, еве како го охрабрил

Новак Матео

Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини во финалето на овогодишното издание на Вимблдон.

Италијанецот го доби првиот сет, но не успеа да се справи со фаворитот. Првиот носител заигра подобро во остатокот од мечот и рутински стигна до шести трофеј во Лондон.

Беретини откри дека тој и Ѓоковиќ имале блиска средба на „Вембли“, вечерта кога го одиграа мечот.

„Браво Матео, пред тебе има светла иднина“, биле охрабрувачките зборови на Србинот до својот противник.

Италијанскиот ас не ја израдува својата нација, но затоа тоа го направија фудбалерите предводени од Роберто Манчини, кои истиот ден станаа европски прваци, со победата над Англија.

Најнови вести од
Вимблдон