• Горан Упале
Тенискиот свет денес му се поклони на големиот Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас славеше неверојатна победа во финалето на Летните Oлимписки Игри во Париз и со тоа ја комплетираше најбогатата витрина со трофеи во тениската историја.
На освојувачот на 24 Грен слем трофеи (најмногу на сите времиња) му недостигаше само уште олимписко злато, за да стави крај на сите дилеми – дали тој е најдобриот тенисер на сите времиња. Ѓоковиќ во неверојатно финале го совлада Алкараз со 2-0 во сетови и неговиот сон за олимписко злато стана реалност.
За Ѓоковиќ ова беше 72. трофеј од најсилните тениски турнири. Покрај 24-те Грен слем трофеи има уште седум од завршниот Мастерс и 40 од турнирите од серијата 1.000. Втор во оваа категорија е Надал со вкупно 59 трофеи, а Федерер има 54.
Unstoppable. @DjokerNole | #Paris2024 | #Olympics | #tennis pic.twitter.com/V2N40KyGd3
— ATP Tour (@atptour) August 4, 2024
На трибините во Париз денес можеше да се забележи транспарент на кој српскиот ас беше наречен „Голдовиќ“, а по победата тенискиот великан истрча кај своето семејство и заедно го прославија големиот успех.