„Закана нема, но на тенисот не му е потребна граѓанска војна“

Одвојувањето на Грен слемовите и Мастерсите од другите турнири, воведувањето на десеттиот Мастерс во Ријад, сосема нов концепт на тениската турнеја, инвестирањето на премногу богат арапски инвестициски фонд во белиот спорт...

Сите овие гласини циркулираaт на тениската планета со недели. Некого плашат, некого прават среќен, но никој не ја знае вистината. Андреа Гауденци, директор на АТП турнејата, во интервју за весник од Дубаи објаснува што се случува зад сцената на овој спорт.

„Не верувам дека постои реална закана тенискиот свет да се подели на половина. На тенисот не му е потребна граѓанска војна. Мислам дека има премногу врева.

Нашата цел е да понудиме премиум производ на пазарот. Само методот е различен. Гренслем и Мастерс турнирите секако се наш премиум производ, се согласувам 100%. Сепак, нема причина да се одвојат овие турнири од другите. Мислам дека на тој начин нема да добиеме подобар производ туку полош. Второ, штом нешто ќе се скине, многу е потешко да се состави повторно“, вели Гауденци.

Откако Гауденци првпат беше избран за претседател во 2020 година, тој го претстави планот „One Vision“ кој има три точки: обединување, подобрување на понудата до навивачите и раст на медиумите.