• Сашо Поповски

Рафаел Надал стигна до своето десетто финале на турнирот во Барселона, а на патот до истото мораше да го совлада Хорасио Зебаљос од Аргентина. Аргентинецот немаше сила да му се спротистави на „кралот“ на земјената подлога, но по мечот не беше ни малку разочаран.
Тој е голем обожавател на тенисерот од Мајорка, против кого го доживеа најголемиот успех со титулата на АТП турнирот во Виња дел Мар, и тоа го докажа на вчерашниот дуел. По поразот, Зебаљос направи „селфи“ со Надал и порача дека не му е криво што загубил во полуфиналето.
Que linda tarde! Perdi si! Pero que bien la pase! Me queda este recuerdo hermoso. Gracias Rafa!!! Que linda fiesta!! pic.twitter.com/xMrDiPNFat
— horacio zeballos (@HoracioZeballos) April 29, 2017
Во денешното финале, Шпанецот за противник ќе го има секогаш незгодниот Доминик Тием од Австрија.