ВИДЕО: За овој момент се сонува - го победи Федерер, па плачеше како мало дете! 

За овој момент се тренира, за овој момент напорно се работи, за овој момент се сонува. Младиот руски тенисер, Андреј Рубљев синоќа ја забележа својата најголема победа во својата кариера, иако истата не му донесе трофеј од еден АТП турнир. 

Со 2-0 во сетови и тоа за само еден час игра, совладан беше великанот на оваа игра, Роџер Федерер. 21-годишниот Рубљев одигра фантастичен тенис, тотално го надигра големиот фаворит, а откако го победи се прекрсти и заплака пред присутната публика на Мастерсот во Синсинати.

  • Погледнете ги емотивните моменти на младиот руски тенисер: