„За Божиќ ги чекам Федерер и Надал да соопштат дека ќе станат тренери“

Одлуката на Новак Ѓоковиќ да го избере Енди Мареј за свој нов тренер предизвика различни реакции кај поранешните и сегашните колеги. Иако огромното мнозинство сè уште молчи, мисијата на Британецот и Србинот е да се врати Ноле на шампионските навики на Грен слем турнирите.

Имаше и такви кои што ја коментираа оваа одлука на Ѓоковиќ, а некогашниот 33. Тенисер на светот, Џон Милман на Твитер напиша:

„Сè што сакам за Божиќ е Роџер и Рафа да објават дека и тие ја избрале тренерската професија и се враќаат на турнирите. Може ли да се случи тоа!?“,

Тешко веројатно дека желбата на Милман ќе се оствари, но секако дека би било возбудливо доколку на пример Надал му стана тренер на Алкараз, а Федерер на Синер.