Ништо од одмазда: Синер го доби Зверев и го одбрани тронот на Вимблдон!
Јаник Синер ја оправда фаворитската улога и го победи Александар Зверев со 3-1 за одбрана на тронот на 139. издание на Вимблдон. Италијанскиот тенисер стигна до петтиот трофеј на Грен слем турнирите, вторпат против германскиот противник против кој играше лани во финалето во Мелбурн. Иако Зверев поведе во финалето, на крајот Синер славеше по три часа и 48 минути борба во Лондон.





