ВИДЕО: Времето во Париз е различно оваа сезона, Азаренка си замина поради ладот

Азаренка

Пандемијата со коронавирусот предизвика преместување на Ролан Гарос, Грен слем турнирот кој се игра во Париз.

За разлика од јуни, времето во француската престолнина во септември е значително поладно. Тоа сигурно ќе влијае на учесниците, а првиот проблем настана на самиот старт на натпреварите.

Викторија Азаренка на момент го напушти теренот поради ниската температура и беше причина за краткиот прекин на дуелот со Данка Ковиниќ. Белорусинката се пожали дека не сака да игра во вакви услови и директно отиде во соблекувалната и потоа се врати.