„Време е, Надал е подготвен за пензија...“

Поранешната шпанска тенисерка Гарбиње Муругуза зборуваше за Рафаел Надал. Според Шпанката, нејзиниот сонародник е подготвен да замине во спортска пензија. 

Самата Мугуруза оваа година се повлече од тенисот, а ниту Надал не е далеку од таква одлука. Проблемите со повреди се провлекуваат сè повеќе, па сонародничката му порача да се пензионира и да ужива во животот. 

„Надал е подготвен за пензија... Неговото тело, умот, просто сè влече кон тоа. Време е да ужива со своето дете. Видов дека константно се смее кога е со бебето. Го прашав зошто и натаму е на терен? Нека оди дома, нека се качи на брод и правец кон Мајорка. Мислам дека даде сè што имаше“, изјави Мугуруза.

Последно Рафа Надал го откажа својот настап на Лејвер купот во Берлин, на кој се очекуваше да го објави крајот на кариерата.