Возњацки победи на турнирот во Токио за прва сезонска титула

Возњацки

Данската тенисерка, Каролине Возњацки стави крај на серијата на порази во финалните натпревари и победи на турнирот во Токио. Таа беше подобра од Анастасија Павличенкова од Русија со 2-0 во сетови (6-0, 7-5).

По убедливата победа над првата носителка Габриње Мугуруза во полуфиналето, тенисерката од Данска продолжи да доминира и во финалето, каде отвори со шест последователни гема и поведе со 1-0 по само половина час игра.

Вториот сет беше далеку понеизвесен, а во него Русинката покажа што знае и стигна до 5-5. Но, тогаш Возњацки го направи клучниот брејк за победа за конечни 7-5.

Тоа беше 26. титула во кариерата на Возњацки, која професионално се натпреварува цели десет години.