Возњацки нема да игра за Данска, ќе биде суспендирана од ЛОИ 2020!?

Најдобрата данска тенисерка Каролин Возњацки нема да игра за својот национален тим во ФЕД Купот, по што загрозен и е настапот и на Олимписките игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио.

Данската тениска федерација соопшти дека поранешната прва светска тенисерка нема да биде дел од националниот тим на следниот собир за квалификациите во Полска. Причините, засега, не се познати.

Затоа што не е дел од националниот тим, Возњацки многу веројатно ќе има проблем и нема да има право да игра на ЛОИ 2020. Според правилата на ИТФ, тенисер треба да биде дел од националниот тим на настани од 2016 до 2020 најмалку двапати. Еден од условите е да се игра за државата задолжително во 2019 и 2020. Друг критериум за да се игра на ЛОИ 2020 е играчот да има најмалку 20 настапи за државата, кој исто така Возњацки не го исполнува.

Данката последниот меч во националниот тим го играше во 2015 година.