Вондроушова се намачи за четвртфинале, Медисон Кис ја изненади Пегула

Маркета Вондроушова потешко од очекуваното триумфираше над Пејтон Стернс од САД со 2-1, по сетови 6-7/3, 6-3 и 6-2. Освојувачката на годинешниот Вимблдон имаше мали проблеми, но сепак, успеа да мине во четвртфиналето на УС Опен. 

Сигурна победа забележа и Американката Медисон Кис, која славеше со 2-0 над сонародничката Џесика Пегула, по сетови 6-1 и 6-3. Кис приреди големо изненадување, затоа што Пегула во моментов е на третата позиција на ВТА листата. 

Токму Маркета Вондроушова ќе ѝ биде противничка на Кис во мечот за пласман меѓу четирите најдобри на последниот Грен-Слем годинава. Вондроушова е прва тенисерка по Серена Вилијамс, која успеала во една година да го освои Вимблдон и да се пласира меѓу осумте најдобри на УС Опен.