• Иван Димовски
Јаник Синер и Карлос Алкараз останаа на двете водечки позиции на АТП ранкингот.
Италијанецот беше рано елиминиран на Ролан Гарос, а Шпанецот воопшто не настапи поради повреда, но и покрај тоа имаат висока предност пред конкуренцијата. Синер на врвот има 13.500 поени, додека Алкараз е на 9.960.
Освојувачот на трофејот во Париз, Александер Зверев остана на третото место, меѓутоа собра 7.305 поени на своето конто. Феликс Оже-Алијасим скокна две места и сега е четврти, додека Новак Ѓоковиќ загуби три позиции и сега е седмопласиран
Во топ десет се наоѓаат уште Шелтон, Де Минер, Ѓоковиќ, Медведев, Фриц и Коболи.



